Модри патлиџани на грчки начин!
Супер интересна идеја за денешниот ручек.
Потребни состојки: 250гр мелено месо, 2 модри патлиџани, 2 млади кромидчиња, 5 домати, готов бешамел сос, 4 лажици рендан кашкавал, 3 лажици исечкан магдонос, нане и копар, малку табаско сос, сол, црн пипер, ким и мушкатно оревче.
Подготовка: Измијте ги модрите патлиџани, исечете ги на половина по должина. Пржете ги на загреано масло на тивок оган. свртени надолу со исечената страна. Потоа пропржете го исечканиот млад кромид и кога ќе зарумени додадете му го меленото месо и месото од средината од модриот патлиџан. пржете се заедно околу 5 минути. Додадете ги и исечканите домати и се заедно додека не се соедини мешајте. Додадете ги зачините. Во готовиот бешамел сос додадете ги мушкатното оревче и кашкавалот. Наполнете ги издлабените модри патлиџани со слоеви од мелено месо и бешамел сос. Посипете ги со уште малку рендан кашкавал и печете ги во загреана рерна околу 30 минути.
Добар апетит!