Убави книги и филмови

Предлог книги за убав ден!

Девојката и ноќта (Гијом Мисо) Кампусот на едно престижно средно училиште е завеан во снег.
Тројца пријатели ќе бидат поврзани со една трагична тајна.
Една млада жена исчезнува во ноќта.
Француската ривиера, зима 1992 година.
Кога подготвителната школа е затворена поради снежната бура, Венка Роквел, 19-годишна, една од најсолидните ученички во нејзината генерација на програмата за пост-бакалауреат, бега со својот професор по филозофија со кого таа има тајна врска. За Венка, „Љубовта е сѐ, или ништо”.
Никој нема да ја види повторно, никогаш.
Француската ривиера, пролет 2017.
Некогаш неразделните Фани, Томас и Максим (најдобрите пријатели на Венка) немале никаков контакт меѓу себе по завршувањето на средното училиште. Тие се сретнуваат за првпат по 25 години, на собирањето по повод средношколскиот јубилеј. Кога тие беа ученици, под ужасни околности, тројцата пријатели извршија убиство и го сокрија телото во ѕидот од спортската сала во нивното училиште. Сега салата треба да биде срушена за да се направи место за новата училишна зграда. Одеднаш ништо не може да ја спречи вистината да излезе на виделина.
Вознемирувачката, болна, ѓаволска вистина…

Мали огнови насекаде (Селест Инг) Од најпродаваниот автор на „Сè што никогаш не ти кажав“, возбудлив роман кој ги следи испреплетените судбини на совршеното семејството Ричардсон и загадочните мајка и ќерка, кои прават пресврт во своите животи.
Во Шејкерс Хајтс, спокојно, прогресивно предградие на Кливленд, сè е планирано – од изгледот на кривулестите патишта, до боите на куќите и успешните животи на нивните жители. И никој не го отелотворува овој дух повеќе од Елена Ричардсон чиј принцип, според кој се води, е да игра според правилата.
Се појавува Миа Ворен, енигматичен уметник и самохрана мајка, која ќе пристигне во овој идиличен меур со својата ќерка тинејџерка, Перл, и изнајмува куќа од Ричардсонови. Наскоро, Миа и Перл стануваат повеќе од станари: сите четири деца на Ричардсонови се привлечени од мајката и ќерката. Но, Миа со себе го носи и своето мистериозно минато и не се грижи за состојбата на статус кво што се заканува да ја шокира оваа внимателно уредена заедница.
Кога старите семејни пријатели на Ричардсонови се обидуваат да посвојат бебе со кинеско-американско потекло, битката за старателството еруптира толку драматично што го поделува градот – и ги става Миа и Елена на спротивставени страни. Сомневајќи се во Миа и во нејзините мотиви, Елена решава да ги открие тајните од минатото на Миа. Но, нејзината опсесија ќе даде неочекувани и разорувачки резултати.
„Мали огнови насекаде“ се занимава со тежината на тајните, природата на уметноста и на идентитетот, и со опасноста од верувањето дека ако се игра според правилата, може да се спречи катастрофа.

Потемно (Е Л Џејмс) Нивната врела и сензуална врска заврши со скршено срце и обвинувања, но Кристијан Греј не може да ја исфрли Анастасија Стил од главата. Решен е повторно да ја освои обидувајќи се да ги потисне своите најмрачни желби и потребата за целосна контрола, како и да ја сака Ана под нејзините услови.
Но, сѐ уште го прогонуваат ужасните моменти што гидоживеал во детството, а подмолниот шеф на Ана, Џек Хајд, очигледно ја сака само за себе. Може ли доктор Флин, психијатарот на Кристијан, да му помогне да се соочи со своите демони? Или пак, Елена, посесивната жена што го завела, и Лејла, поранешната потчинета која патолошки го обожава, ќе го одвлечкаат Кристијан во минатото?
А ако Кристијан успее повторно да ја заведе Ана, може ли еден толку мрачен човек воопшто да се надева дека ќе ја задржи?

 

Поврзани статии

Back to top button