Убави книги и филмови

Книги кои ќе се врежат во вашето сеќавање!

Предлог три книги кои вредат да бидат прочитани, а истите може да ги најдете во Топер.

Кога доцни принцот (Велко Неделковски) Овој роман претставува една прекрасна приказна за љубовта и животот на младите луѓе во нашата земја. Авторот сосема реално го прикажува животот на младите девојки и нивните соништа, стравови, желби и копнежи.

Кралска афера (Нора Робертс) Едно утро нејзиното височество Габриела Бисет ќе се разбуди во болнички кревет, на знаејќи како се нашла тука. Бидејќи нејзините киднапери и понатаму се на слобода, Габриелиниот татко, принцот Арманд, ќе го повика на помош својот близок пријател, американскиот детектив Рив Макги. Габриела страда од потполно губење на помнењето – дури и членовите на семејството и изгледаат како потполни туѓинци. Со помош на Рив, оваа млада девојка полека ќе почне да се враќа во тековите на секојдневниот живот. Мажат ли детективовото добро срце и смирениот поглед да допрат до уплашената принцеза и да и помогнат да ги спои нишките на минатото и сегашноста?

Девојката од Бруклин (Гијом Мисо) Ѓаволски добар заплет, неодоливи јунаци и напнатост што расте со секоја страница.
Јасно се сеќавам на тој последен момент на среќа. Бевме загледани во морето, додека хоризонтот се пресликуваше, Ана ми постави прашање:
„Дали ќе ме сакаш ако дознаеш дека сум направила нешто страшно?“
Како би одговориле Вие?
Ана е љубовта на мојот живот. Треба да се венчаме за три недели. Секако дека ќе ја сакам, што и да направила. Барем така мислев, но таа нервозно пребаруваше низ торбата, извади таблет, ми покажа фотографија на екранот, „Тоа јас го направив“. Гледав во нејзината тајна, шокиран, свесен дека нашите животи повеќе никогаш нема да бидат исти. Зашеметен станав и заминав без збор. Кога се вратив беше предоцна. Ана исчезна. И оттогаш не престанав да ја барам.

Поврзани статии

Back to top button