Сами професионално исцртајте ги веѓите
Возраст, стрес, слаба грижа… Сите овие можат да бидат причините зошто нашите веѓи стануваат премногу тенки, губат густина и форма. Тенките веѓи, се согласуваат шминкерите, не само што не се модерни, туку прават вашето лице да изгледа постаро и поостро.
Совршени веѓи не се лесни за постигнување, ниту природен изглед. Сепак, малку вежба прави чуда, а шминкерите тврдат дека единствено важно е да се избегнат следниве грешки:
Трик 1: никогаш не притискајте! Потезите мора да бидат лесни
Трик 2: не ставајте премногу боја!
Трик 3: Нацртајте ги веѓите во неколку фази. Кога сакате да видите што сте направиле, оддалечете се пет чекори од огледалото и проценете.
Трик 4: Лакот не смее да биде превисок, ниту кривината на лакот да биде премногу остра. Двете грешки ќе го продлабочат ефектот на лажните веѓи.
Трик 5: Никогаш не исполнувајте ги веѓите пред да нанесете пудра. Треба да го видите тенот за да ја прилагодите бојата на веѓите.