Тие ќе ја кажат вистината без оглед на последиците
Овие два хороскопски знаци многу ја ценат искреноста и ќе ви кажат се што мислат в лице без двоумење.
Стрелец – Стрелецот е најискрениот хороскопски знак, верувале или не. Тие исто така се сметаат за многу добри луѓе кои ги ценат своите пријатели и се многу дарежливи.
Тие знаат да претераат во авантурите. Сепак, тие не го прават тоа за да се направат херој, туку за да го забавуваат друштвото и да создадат одлична атмосфера.
Луѓето родени во овој знак се многу отворени во комуникацијата, а понекогаш и премногу директни. Тие го кажуваат она што прво им паѓа на ум, прашуваат сè што ги интересира. Тие често се однесуваат како деца и негуваат искрена љубопитност.
Овен – Иако се енергични, тие не сакаат да трошат енергија на лажење. Поради нивната импулсивност, тие секогаш зборуваат сè отворено и јасно, без да размислуваат дали тоа ќе му наштети некому или не.
Искреноста е нивно друго „јас“, затоа никогаш не се двоумат да ја кажат вистината. Нивните брутално искрени зборови лесно можат да навредат друга личност.
Нивното однесување и зборови се вистински одраз на нивната личност и многу ретко ќе прикријат како се чувствуваат и што мислат. Овните нема да губат време на луѓе чиј карактер не им одговара.