ЖивотУбави совети

Највкусниот етно појадок!

Подгответе оргинален етно појадок од чинија!

Потребни состојки: Ајвар, сирење, јајца, сланина на тенки ленти, леб без корка и маслиново масло. Лебот без корка исечете го на кришки или набавете си сечен леб па само отстранете ги корките. Со сукалка малку истенчете ја секоја кришка леб и ставете ја во чинија која предходно ќе ја попрскате со маслиново масло. Секоја кришка премачкајте ја со ајвар, па одозгора ставете лист сланина. Потоа нанесете сирење по желба и едно јајце. Ставете да се пече на 200 степени додека не се заече јајцето (околу 15 минути). Извадете ја чинијата и малку зачинете го јајцето.

Водете сметка како ракувате со чиниите, оти долго време остануваат врели.

Поврзани статии

Back to top button