ЖивотУбави совети

Во овие 4 ситуации не треба да пиете вода: Нефролог објасни кога дополнителното внесување е штетно за здравјето

Внимавајте кога и колку вода внесувате во вашето тело.

Нутриционистите и лекарите обично препорачуваат да пиеме по осум чаши вода секој ден, но некои експерти велат дека количината е сомнителна и дека зависи од личноста. Без разлика на овие спротивставени мислења на лекарите, она што е непобитно е дека хидратацијата на организмот е исклучително важна.

Водата е неопходна за метаболизмот и нормалните физиолошки функции. Во исто време, обезбедува внесување на есенцијални материи како што се калциум, магнезиум и флуор. Помага за исфрлање на токсините од виталните органи, а ги носи хранливите материи до клетките, ја хидрира кожата, ја одржува нормалната телесна температура и притисок.

Сепак, постојат ситуации кога всушност не треба да пиете вода, односно кога треба да го намалите нејзиниот внес на минимум. Нефрологот Вадим Цветков открил во кои случаи поголема количина течност повеќе би му штетила на организмот отколку што му користи.

Експертот препорача пред се да внимавате на бојата на урината. Ако е светло жолта и може да се опише како проѕирна, тогаш тоа укажува на доволен внес на течности. Односно, не мора да претерувате и да го „бркате“ препорачаниот внес од осум или повеќе чаши.

Секако, ситуацијата во која не е препорачливо да се „лие“ вода е и кога веќе сте внеле доволно други течности – чаеви, сокови и слично. Како и со дехидрацијата, вишокот на влага во клетките ќе доведе до дисбаланс на електролити.

Нефрологот укажа и на грешката која многумина ја прават, а тоа е да пијат вода веднаш после јадење. Во овој случај ќе има надуеност и чувство на тежина во стомакот. Ефектот на забрзување на метаболизмот, кој е поврзан со внесот на вода, овојпат ќе изостане, но само ќе создаде поголеми проблеми.

Друга грешка што ја прават речиси сите кои се физички активни е да пијат течности додека вежбаат. Д-р Цветков вели дека не треба да пиете многу вода за време на интензивниот тренинг. Бидејќи телото губи важни соли и елементи во трагови, секако е подобро да се консумираат специјални пијалоци за спортисти кои ги надополнуваат овие хранливи материи.

Поврзани статии

Back to top button