Убави вести

Доколку сѐ уште не сте дел од оваа група, пребарајте ги на Facebook под името “Патувања низ Македонија”

Денес не постои македонски корисник на социјалната мрежа Facebook кој не ја знае или не е дел од групата “Патувања низ Македонија”. “Патувања низ Македонија” е туристичка група чија основна цел е промоција и развој на македонските знаменитости, места каде што може да се најдат ретки и значајни податоци поврзани со Македонија, во склоп со прекрасни фотографии од разни места.Како започна целата приказна?Пандемијата со коронавирусот нѐ затвори во границите на нашата држава, така, изборот за патување и одмор беше ограничен само на сите оние места и туристички центри кои ги имаме на располагање во Македонија. 
Потребата од споделување на сите информации и промоции на туристичките места, културните и природните знаменитости, на едно место беше голема. Така осум родољуби од Скопје, Гевгелија, Битола, Охрид, Кичево, Штип и Свети Николе се одлучија да ја направат оваа група. 
Групата доживеа невиден успех од самиот почеток, како ниту една друга група од претходно. По само еден месец од основањето бројот на членови достигна 20.000, два месеци подоцна се зголеми на неверојатни 100.000, денес, година дена подоцна достигна скоро 200.000 членови.Освен членови од Македонија групата постепено почна да добива меѓународна популарност. Денес има илјадници членови од Германија, САД, Швајцарија, Италија, Бугарија, Србија, Шведска, Австралија и.т.н. 
Администраторите и модераторите на групата 24/7 се грижат за одржување на истата, и одговараат на сите барања на нејзините корисници. Преку најразлични активности како наградни игри, интервјуа, квизови, наметнување теми за дискусија од секојдневието…. се во постојана комуникација со членовите. 
Групата денес често е дел од многу телевизиски, радио емисии и интернет портали, промовирана како единствено место каде може да се најдат секакви информации за посета на секој дел од територијата на Македонија. 
Групата своевремено прерасна во еден вид Енциклопедија на Македонија и интернет пребарувач за Македонија. Со само впишување на името на местото кое Ве интересира во полето за пребарување, ќе Ви се појават многу постови со содржина и информации како да стигнете до таму, што е интересно за посета, историјата на тие места и.т.н. 
Поради зголемениот интерес на членовите од групата за македонската култура, уметност, традиција, обичаи… тимот на администраторите се прилагоди и на тие барања и можете да најдете многу содржини поврзани со тие теми. Информации и постови со настани и личности, културни манифестации и.т.н кои придонеле кон градењето на државата и зачувувањето на нејзиниот идентитет. 
Доколку сѐ уште не сте дел од оваа група, пребарајте ги на Facebook под името “Патувања низ Македонија” и уживајте во прекрасните постови со промотивна, едукативна и информативна содржина.
https://www.facebook.com/groups/patuvanjanizmakedonija/?ref=share

Поврзани статии

Back to top button