Што ако си копам по емоцииве, и што ако ја хранам тагата со солзи?
Те сакам! Tе сакам онака како што знае да сака мало дете- без скриени намери, без очекувања, без маски, искрено, чисто, безвремено… И што ако? Што ако си копам по емоцииве, и што ако ја хранам тагата со солзи? Што ако денес беше некој друг ден и што ако ти не беше ти, а јас бев малку похрабра? Чудно е колку една секунда може да смени цела вечност и колку таа вечност е празна ако си без душа… Слушаш ли- Те сакам!… Ах, да… Ехово празно ми се враќа. Заборавам дека те измислив до толкава совршеност, а заборавив да ти ставам срце, заборавив да ти врежам емоции како тетоважа на душата- за да можеш да вратиш, да осетиш, да доживееш. Во самиот чмар на светот сме јас и ти… Како да чекаме во погрешно време на сосема различни места. Стоиме на раскрсници каде што нема ништо, каде што не припаѓаме никаде…а само сакаме малку повеќе без да знаеме и викаме во себе – https://m.youtube.com/watch?v=7e4eyGfsWnc Колкава ли е цената на среќата? Колку ли лица треба да погледнам под маскиве наоколу, додека да пронајдам чистота што ќе ме осветли како свеќа во темница? Се поделив на две- кучка и светица, ангел и ѓавол… Како ебана вага станав и почнав да мерам бакнежи, прегратки…па дури и оние празни зборови што никогаш не допираа до мене, ете сега и нив ги мерам. Некој еднаш ми кажа- “Еј…немој да веруваш! Сите што веруваат паѓаат на колена- нема искрен човек исто како што нема невина курва”. Барем со курвите си на чисто- добиваш колку што плаќаш. А со тебе никогаш не знам што добивам…или можеби…да, добивам тахикардија и лудило. Онакво лудило кое те тера да си ја кубеш косата кога не знаеш каде понатака, истото она лудило кое те тера да опцуеш онака сочно- Да ти ебам судбината, да ти ебам! Како да сме плукнати на ова парче проклета земја. Како да сме без сопствени сенки. И сенките побегнале од оваа проклетија каде што се дише празнина. Ме убива светот без тебе…мојот празен свет. Ме убива мислата дека само празни фрази го воздигаат сонцето и ја осветлуваат ноќта кога нема месечина. Ме убива кога во тишина го слушам твоето дишење, а знам дека е на километри далеку од мене. Ме убива и мувава на ѕид и глупавиот звук од некоја безвезна програма и шкрипењето на гуми надвор на улицата и…Уф! Kолку ли само ми требаш?! Мислиш ли дека постои паралена димензија, каде што сѐ е совршено? Димензија каде што со еден поглед ќе ти објаснам дека секоја пора од ова тело дише за тебе, дека крвавите очи ми се од напорот да те пронајдам и во најтемната ноќ… Дека имам едно чудно биење на срцево секогаш кога помислувам на тебе. Дека течеш како отров по вениве, а наместо да ме убиеш ти ме правиш жива…пожива од било кога. Е во таков свет ти ќе знаеш дека до кинење на гласниве жици ќе го извикувам твоето име, дека душава те врежала како тетоважа на неа, дека… Дека нема проклета сила што ќе ме падне на колена и… Само сакав да ти кажам- Те сакам! И креаторот заслепен од својата креација, паѓа на колена пред неа. Како клетник, како губитник… Како флека на под која не се чисти и чешање на кожа се додека не почне да тече крв. Така си ми ти на мене- како рана од чешање која ми остава лузна, како цел свет…мојот празен свет кај што те нема и кога те има. Ех… А само се прашувам… Колкава ли е цената на среќата?
Маја Спасовска