Од насУбави муабети

Со тек на време учам како да не се нервирам!

Луѓето ги делам на два вида: оние кои ништо не ги допира и оние кои се нервираат за секоја ситница.

Често се пронаоѓав во вторите, а очајно посакував да сум во првите!

По една чудна случка во мојот живот, одлучив максимално да работам на себе и да потрудам да не се нервирам за се и сешто, оти никој нема да ми ги врати нервите. Секој нов ден, учам како да не се нервирам!

Па, така со тек на време научив дека не треба и не вреди да се нервирам за:

  • Лудите шофери кои на дождлив летен ден твојот бел фустан ќе го испрскаат со дожд и кал;
  • Пријателката која дваесет години има еден ист проблем и секој ден зборува по час време за него;
  • Сопругот кој никако да му текне каде ги остава своите работи;
  • Колешката која секогаш остава дел од работата за да и ја довршам јас;
  • Мајка ми која на секој мој збор има прашање;
  • Касиерките кои никогаш не знаат да се насмевнат и се дрски;
  • Луѓето кои мислат дека знаат се;
  • Жените кои озборуваат за сите;
  • Административните работници на кои речиси секогаш системот им е закочен;
  • Таксиситите кои ќе ти се развикаат оти им даваш петстотка;
  • Шефот кој мисли дека имам два ума и четири раце

Не вреди да се нервирам. Не вреди да ми се покачува притисикот. Се додека луѓето кои се дел од мојата душа се здрави, среќни и живи, ништо нема да ме изнервира. Оти никој не заслужува јас да сум напнати поради него/неа и нивното безобразие. На сите ќе ви кажам каде ви е местото со смирен тон и нема да дозволам да ми го уништите денот!

Поврзани статии

Back to top button