Најлесниот рецепт за вкусни соленки!
Во овој дел од годината, кога сите малку не тресе предпразнична еуфорија често размислуваме што вкусно да подготвиме во кујната. За денес одбравме супер лесен и брз рецепт за соленки. Вкусни, крцкави и декоративни. Можете да ги направите со калапчиња во форма на елки и ѕвезди и да бидат супер декоративни за служење.
Потребни состојки: 250гр путер, 300гр сирење и 400гр брашно. 1 жолчка од јајце и сусам.
Подготовка: Сирењето изрендајте го. Путерот стопете го и заедно со ренданото сирење измешајте го со брашното. Убаво измесете ја смесата и растегнете од неа кора. Вадете форми со калапчиња по ваша желба. На плех обложен со хартија за печење наредете ги соленките, премачкајте ги со жолчка од јајце и попрскајте ги со сусам или ким по желба. На 200 степени печете ги околу 20 минути.