Кој чај помага при депресија?
Повозрасните луѓе кои пијат по неколку шолји зелен чај на ден се изложени на помал ризик од депресија, веројатно благодарение на аминокиселината теанин, која ја содржи овој пијалок, а која промовира добро расположение, заклучуваат експертите од Универзитетот во Тохоку.
Неколку претходни студии покажале дека пиењето зелен чај ги намалува психолошките проблеми, а д-р Каијун Ниу од јапонски универзитет и неговите колеги откриле дека мажите и жените на возраст од 60 години и повеќе кои пијат три или повеќе чаши зелен чај на ден се изложени на 44 проценти помал ризик од депресивни симптоми.
1.058 релативно здрави постари мажи и жени учествувале во истражувањето на јапонскиот тим. Околу 34 проценти од тие мажи и 39 проценти од жените имале симптоми на депресија. Вкупно 488 испитаници изјавиле дека пиеле четири или повеќе чаши зелен чај секој ден, 284 две до три, додека други конзумирале една чаша неделно или помалку.
Очигледно било доброто влијание на зелениот чај во превенцијата од депресија дури и откако биле земени предвид факторите како што се социјалниот и економскиот статус на испитаниците, полот, исхраната, нивната медицинска историја и можната употреба на антидепресиви.