ЖивотУбави муабети

Подгответе чипс од портокали – за силен имунитет!

Експертите велат дека еден портокал содржи дури 93% од препорачаната дневна количина на витамин Ц што треба да ја внесеме во организмот. Благодарение на овој антиоксиданс, ќе го зајакнеме нашиот имунолошки систем – витаминот Ц го стимулира формирањето и ја подобрува работата на белите крвни клетки, вклучително и оние кои го бранат организмот од вируси и бактерии.

Антиоксидансите спречуваат оштетување предизвикано од слободни радикали, како што се чад од тутун или зрачење. Индиректно, консумирањето портокали, исто така, ќе влијае на изгледот на нашата кожа (која ќе остане здрава и сјајна), а исто така ќе има корисен ефект врз работата на срцето и спречување на бројни болести.

Па зар не се ова доволни причини да консумираме секојдневно портокали?

Затоа денес ви донесуваме идеја за тоа како сè уште можете да јадете портокали, ако ви е малку досадно или барате нови здрави закуски – чипс од портокал.

Рецепт: Загрејта ја рерната на 175 степени. Портокалите убаво искиснете ги во сода 10 минути. Потоа, измијте ги темелно. Исечкајте ги на кругови со дебелина од 3 или 4 милиметри. Бидете внимателни, сите кругови нека бидат со иста дебелина. На плех поставете хартија за печење а на неа наредете ги кришките портокали. Печете се додека портокалите не станат крцкави од двете страни.

Добар апетит!

Поврзани статии

Back to top button