Комбинации на храна за борба против ракот
Истражувањето на британските научници покажува дека комбинираното консумирање на одредени продукти може да помогне во борбата против ракот.
Научниците од Институтот за истражување на храна во Нович откриле дека комбинацијата на две супстанци што се наоѓаат во храната, сулфорафанот и селенот, има 13 пати посилно дејство во борбата против ракот од дејството кое го имаат кога се консумираат посебно.
Ова откритие би можело да ги поттикне производителите на спрецијална храна за борба против ракот, а научниците препорачуваат да се комбинираат пилешко, житарки и црвена зелка.
Сулфорафанот во високи концентрации може да се најде во брокулите, житарките, залката и во повеќето видови салата, а селенот во лешниците, преработеното месо, рибата, јајцата, семките од сончоглед и во печурките.
Научниците предупредуваат дека, и покрај позитивното влијание на сулфорафанот и селенот во спречувањето на ракот, превисоката концентрација на овие супстанции може да биде токсична.