ЖивотУбави совети
Брз рецепт за Киндер торта!
Киндер торта супер вкусна идеја за десерт!
Потребни состојки за тесто: 6 белки, 6 лажици шеќер, 2 лажици зејтин, 2 лажици брашно, 2 лажици презла и 1 пециво.
Кога се пече тестото се става хартија таа се подмачкува со 1/4 маргарин а врз неа се ставаат сецкани ореви.
Потребни состојки за фил: 1 пудинг од ванила, 4 лажици густин, 6 лажици шеќер, 100гр кокос и 100гр чоколадо и 1л млеко.
Се вари пудингот, се мати 1 маргарин со 250 гр шеќер и се меша заедно со пуднигот и со 6 жолчки. Филот се дели на 2 дела во првиот се става 100гр кокос а во вториот 100гр стопено чоколадо. Кората од тестото се премачкува со еурокрем и потоа се става првиот дел па вториот. Одозгора со хопла се декорира по избор.