Какви фризури ќе се носат оваа есен?
Промената на сезоните кај нас предизвикува различни промени и потреби за еден вид „свеж почеток“. Тогаш обично започнуваме да го расчистуваме нередот од нашите животи, и кога сè е навидум решено во животот, за нас е важно да направиме мала физичка промена, а најлесно ни е да направиме промена на вашата фризура. Затоа ве изнестуваме кои три фризури ќе бидат најтренди оваа есен, судејќи според тоа што веќе популарните фризери ги наговестиа и веќе ги носат девојките кои пратат мода а се активни на социјалните мрежи. По топлите летни денови, кои оставија одреден белег на нашата коса, со оглед на деновите поминати на сонце и капењето во морска вода, нашата коса дефинитивно ќе се освежи доколку ја скратиме. Инспирацијата оваа есен е од 90-тите, тие години се бесконечен извор на инспирација и за убавината, за негата и за модата, како и за иновативни фризури кои ќе му дадат на вашиот карактер дефинитивно силна линија. Ретро локните и боб фризурите ќе ги гледаме насекаде оваа есен!