ЖивотУбави совети

Следете го својот труд и успехот е загарантиран!

Познатиот претприемач и милијардер Марк Кубан има една интересна порака: вели дека треба во целост да ги занемарите вообичаените совети за кариера и успех кои безмилосно се пласираат во медиумите и прирачниците за тоа како да стигнете до она што го сакате!

Тој смета дека најпопуларната мотивациона порака за успех која гласи дека треба да ги следите своите страсти е комплетно нелогична. Всушност, според Кубан нашите страсти не вредат ни денар.

„Размислете за сите оние страсти за кои сте мислеле дека ќе ве однесат на врвот. Зошто не сте успеале да направите светски позната кариера токму од тие страсти?“ – прашува Кубан

Наместо да ја следите својата страст, следете го својот труд. Кубан советува дека кога ќе станете свесни колку труд вложувате во она што го работите, ќе се појави страста. Следете го вашиот труд, вложувајте се наместо да сонувате и успехот е неизбежен!

 

Поврзани статии

Back to top button