Изгревањето и заоѓањето на сонцето се бесплатни!
Одиме на море среде сезона и се жалиме како е прескапо и како е огромна гужва… Летуваме во месеците кога е највисока температурата и се жалиме како е претопло. Патуваме со кола и се смееме на оние кои пауваат неколку часа плус со автобус на иста дестинација… Се одлучуваме за далеки дестинации и се жалиме како потот е предолг… Одиме на море и ни смета што воздухот е влажен. Сакаме природа, но ни смета се она што го нуди природата. Сакаме да видиме ново место, да ја истражуваме околината, но да не мрднеме ниту со прст ако е возможно. Сонуваме за единствено искуство, но не правиме ништо да дазволиме барем само од себе да се случи.
Зошто се ова? Одлично летување не мора да биде ни скапо, ни далеку, ни комплицирано, освен ако не го направиме ние да биде такво. Изгревањето и заоѓањето на сонцето се бесплатни!