МодаУбави совети
Летна ултра уникатна комбинација!
Женските сакоа се омилен моден тренд веќе неколку сезони, а ова лето ќе бидат во фокусот, но на малку поинаков начин ќе се носат. Имено, во текот на топлите денови, ќе бидете во можност да изгледате моќно облечени во строги парчиња, со тоа што ќе ги носите совршените сакоа во комбинација со шорцеви. Оваа комбинација е дефинитивно најимпресивниот тренд што ќе се носи ова лето. Совршено се комбинираат со патики, старки, сандали но и салонки, во зависнос од пригодата и расположението.