Брза и вкусна идеја за денешниот ручек!
Што вкусно да ручате денес?
Шпагети со ќофтенца!
Потребни состојки: едно пакување шпагети, 400гр излупени домати, 400гр мелено месо, 1 главичка кромид, 1 јајце, 1 компир, бело брашно, сос од домати, босилек, магоднос, маслиново масло, сол и бибер.
Подготовка: Ситно исечкајте го кромидот и магдоносот и измешајте ги со меленото месо, јајцето и со варениот изгмечен компир. Посолете ги, измешајте ги и направете топчиња со големина на орев. Пржете ги во маслиново масло. Кога ќе се испржат од сите страни додадете им ги доматите и две лажици сос од домати. Додадете босилек, бибер и оставете да се динста додека не се згусне. Во меѓувреме сварете ги шпагетите, но внимавајте да останат цврсти. Процедете ги и ставете ги во чинија за послужување. Потоа прелијте ги со сосот од ќофтиња и декорирајте ги со босилек.
Добар апетит!