Скопскиот поп-рок бенд 2BE го промовира синглот „100 песни“!
Скопскиот поп-рок бенд 2BE дебитира на музичката сцена во Македонија со „100 песни“. Комплетен автор на нивниот прв сингл е Ѓорги Крстевски и неговата KM Entertainment.
https://www.youtube.com/watch?v=sIsXqfGFsnA
„Веќе подолго време работиме на наша авторска музика, но не беше тешко да одлучиме дека првата песна ќе ја довериме на докажаниот автор Ѓорги Крстевски“, велат од 2Be.
Спотот за песната е снимен со техниката „one take“ и е меѓу првите такви видео-записи во Македонија. Изминатите две години 2Be активно настапува во градовите низ цела Македонија и заедно со Александра Јанева ги реализираа преработките од проектот #summerjam. Бендот 2BE го сочинуваат Љупче Стојановски – гитара и вокал, Тино Стојановски – гитара и Синиша Зукиќ – тапани и кахон.