Храбрите жени го живеат својот живот!
Храбри жени ги живеат своите животи. Тие прецизно и јасно знаат кои се и какви се нивните потреби, желби, цели и не се двоумат, веруваат во себе по секоја цена. Тоа не значи дека тие газат по живи трупови, туку тие имаат ентузијазам, волја и трпение. Да, оти трпението е клучот за качување на врвот. И, се разбира, храброст. Ако не можете сами да одлучите од страв од она што светот ќе го каже, денешното општество ќе те проголта. Во еден миг. Храбри жени се свесни за нивната имагинација, несовршености и доблест. Тие не ги отфрлаат нивните недостатоци. Тие не се грижат што мислат и што зборуваат другите. Тие се чекор напред, чекор по чекор, оставајќи ги другите во сенка да им се восхитуваат на нив. Па, потоа тие им завидуват и ги мразат. Бидејќи кој е рамнодушен кон нечиј успех? Никој, навистина!
Ако мислите за себеси дека вашите потреби се број еден, тогаш Вие припаѓате на категоријата на силни и храбри жени. Еве што ги одделува од другите.
Јасно ги искажуваат своите чувства и ставови. Да, храбрите жени не се плашат да ги изразат своите чувства, без разлик дали се позитивни или негативни. И ако некој тоа го повреди, па што? Животот не е бајка, нашите мајки нè заштитувале и нè чувале од злото кога сме биле деца. Сега сме возрасни луѓе, сфаќаме дека животот е неправеден и деке е црно бел. Бидете храбра жена, таквите жени нема да се двоумат дали да го покажат својот гнев, тага и среќа. За нив, чувствата се нормални, не се кријат зад завесата и не ги туркаат проблемите под килим. Влезете во контакт со животот, неправдата, злото и доброто. Нека тое е вашето животно мото – издвојте се од масата, бидете храбра жена!