Слатка торта со моркови за љубителите на здрави десерти!
Оваа торта ќе ве освои уште при првиот залак, се топи во уста, здрава е и ептен вкусна!
Потребни состојки:
бисквит: 4 шолји рендан морков
2 шолји пченично брашно
2 лажички прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
1 лажичка цимет
¼ кафена лажичка ѓумбир во прав
1 ½ чаша кафен шеќер (или некој друг засладувач)
¾ суво грозје
½ чаша сецкани ореви
1 чаша сок од јаболко
1 чаша растително масло
Прелив : ⅓ чаша путер
⅓ чаша крем сирење
2 ⅓ чаши шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 º C. Во голема чинија, измешајте ги сите суви состојки.
Додајте сок од јаболко, масло, моркови и суво грозје, и мешајте се додека не се соедини смесата.
Истурете во подмачкан сад за печење и печете 40-45 минути.
Оставете го колачот да се излади во тавчето околу 10 минути, а потоа нежно префрлете го во друг сад. Нека се излади целосно пред да го нанесете преливот.
За да направите прелив, измиксирајте го путерот и сирењето со средна брзина.
Додадете го шеќерот во прав и продолжете да матите сè додека мешавината не е мазна и кремаста.
Додадете ванила и промешајте го повторно.
Ставете ја тортата во фрижидер.
Пријатно!