ЖивотУбави совети

Природен лек за болки во грло

Моментално е сезона на грип и настинки, а едни од најнепријатните симптоми на ова заболување секако се болките во грлото. Најдобар лек секако е превенцијата. Најважно е да се посветите на зајакнување на имунитетот. Јадете редовно во големи количини сезонски звеж зеленчук и овошје, кои изобилуваат во Витамин Ц (особено лимони и пиперки) и цинк. Пијте што повеќе течности, секојдневно шетајте барем по половина час, и, колку е можно избегнувајте стресни ситуации. Задолжително пијте билни чаеви и јадете лук.

Направете си природен лек: Варете една лажичка жалфија во 2дл врела вода околу една минута, а потоа тргнете ја од оган и оставете ја поколопена да отстои половина час. Исцедете го чајот, додадете половина мелено луто пиперче, малку изрендан свеж ѓумбир, малку столчен лук и една лажичка мед.

Пијте голтка по голтка, а секоја голтка држете ја во уста барем десетина секунди.

Поврзани статии

Back to top button