Имајте природно белскава насмевка без хемии и стругање!
Дневниот внес на храна и пијалоци остава траги на нашите заби, со што на крајот тие ја губат нивната природна белина. Овие пет едноставни совети ќе ви помогнат да ги задржите вашите заби бели и здрави.
1. Користете сламки
Ако често консумирате темни и слатки пијалоци, дамки на забите ќе се појави пред да очекувате. Затоа пијте преку сламка и на тој начин ќе избегнете дамки и формирање на забен камен.
2. Внимателно избирајте четка за заби
Одлучете се за помали и помеки четки кои ќе стигнат до секоја страна на секој заб. Секогаш користете паста за заби и течност за плакнење на усна празнина.
3. Консумирајте храна која е природен чистач
Внесете целер, јаболко и морков во секојдневната исхрана. Во прилог на останатата здрава храна за вашето тело, тие дејствуваат и како природно помагало за бели заби..
4. По темни пијалаци, измијте ги забите или изедете јаболко
По кафе, чај или потемни сокови, мијте ги забите, или ако не сте во состојба, исплакнете ја устата со вода и изедете јаболко.
5. Консумирајте храна која ги полира забите
Јагодите, ананасот и портокалите ќе ги исполираат вашите заби.