ЖивотУбави совети

Вкусна посна салата која може да ви го замени ручекот!

За вашата храна да не е еднолична за време на постот, одвоивме супер здрава и вкусна салата која може да ви го замени ручекот. 

Потребни состојки: 200гр варени тестенини; 100гр посен мајонез; 1 супена лажица сенф; 2 варени моркови; 5-6 кисели краставици; малку обарена  брокула; малку обарен карфиол; малку магдонос и малку бибер.

Подготовка: Додајте ги сенфот и мајонез во тестенините. Потоа на смесата додадете ги сечканите моркови, краставици, брокули и карфиол и се заедно добро измешајте. Посолете и додадете бибер по вкус. На крајот декорирајте со сечкан магдонос.

Поврзани статии

Back to top button