Најважните суплементи во бременоста
Бременоста е еден од најсложените периоди во животот на жената, со што се зголемуваат нутритивните потреби на телото.
Исхраната на мајката влијае на исходот од бременоста, поради што е важно бремената жена од самиот почеток да биде на оптимална исхрана која ги задоволува потребите за енергија, како и потребите за одредени хранливи состојки – протеини, јаглехидрати, масти, како и витамини и минерали. Најдобро е да се задоволат зголемените нутритивни потреби со добро балансирана исхрана, и во ситуација кога тоа не може да се постигне, се користат додатоци во исхраната.
Суплементи во бременоста
Во Македонија нема официјални препораки за употреба на одредени додатоци во бременоста, но повеќето бремени жени ги практикуваат следниве додатоци во исхраната:
Фолна киселина, Витамин Д, Калциум, Железо и Јод.