ЖивотУбави совети
5 симптоми преку кои ќе ја препознаете најчестата инфекција
Кандидијаза е габична инфекција предизвикана од било кој вид на кандида. При опаѓање на отпорноста на организмот, стрес, бременост и намален имун систем кандидата настапува на сцена. Во продолжение пет симптоми кои ќе ги препознаете доколку се соочувате со овој чест проблем.
- Тегоби при варењето. На прекумерниот раст на кандидата во цревата и желудникот може да се манифестира со дијареа, надувување, гасови и опстипација. Многу истражувања покажале дека кандидијазата е поврзана и со воспаление на цревата и со Кронова болест.
- Константен замор. Кандидијазата ја следи недостаток на витамин Б, есенцијални масни киселини и магнезиум, а се тоа предизвикува слабеење на имунитетот. Организмот едноставно нема енегрија па се јавува константно чувство на замор.
- Бели наслаги на јазикот. Ова е еден од најчестите симптоми дека кандидата ги зафатила и органите за варење. Освен наслојките, може да се јават и болки во усната шуплина и да дојде до отежнато дишење.
- Воспалени синуси. За ова не се виновни само бактериите и вирусите, туку и кандидата. истражувања покажале дека кандидата се наоша во синусните шуплини кај 96% испитаници со хронично воспаление.
- Зачестени урогенитални инфекции. Голем број жени барем еднаш во животот се соочиле со кадидијаза. Дополнителен проблем е тоа што овие инфекции периодично се повторуваат и воопшто не е лесно сосема да се отстранат. Кај повозрасните кандидата предизвикува и уринарни инфекции.