ЖивотУбави совети

Психосоматски нарушувања – Ирина Николовска

Соматизацијата се јавува кога психолошките тегоби се претвораат во физички симптоми. Иако немаат физичка основа, соматските симптоми, како болка или гадање, се многу реални и не се измислени од страна на личноста која ги доживува.

Што е психосоматика?

Понекогаш психолошките симптоми може да се толку вознемирувачки што личноста не може да се соочи со нив. Кога психолошките симптоми ја „преплавуваат“ личноста, некои луѓе имаат тенденција да ги интерпретираат симптомите како физички болести. Физичката болест не е лажна, психолошкиот стрес се претвора во физички симптом.

Повеќето луѓе доживуваат соматизација во одреден дел од нивниот живот. Повраќаат поради анксиозност, имаат главоболка како резултат на стрес, чувствуваат тремор поради болка, или се разболуваат после траума – сето тоа се примери на соматизација. Луѓето кои најчесто ги претвораат психолошките симптоми во физички симптоми може да бидат дијагностицирани со психосоматско нарушување како и телесно дисморфично нарушување, нарушување на болка и др.

Соматоформните растројства се сметаат за контроверзни бидејќи многу легитимни физички состојби, вклучувајќи фибромиалгија, претходно се сметале за психосоматски нарушувања. Некои теоретичари тврдат дека жените и малцинствата имаат поголема веројатност да бидат дијагностицирани со психосоматски нарушувања бидејќи нивните здравствени проблеми не се земаат толку сериозно. Всушност, многу од психосоматските нарушувања вклучуваат симптоми кои се поврзани со хистерија – дијагноза која најчесто им е давана на жените.

Како се јавува соматизацијата?

Соматизацијата се разликува од лажирање болест со цел да се привлече внимание или тврдењето дека се има главоболка кога вистинскиот проблем е стресот. На личноста која страда од соматизација, симптомите се вистински. Соматизацијата се претпоставува дека се јавува поради психолошки стрес со кој личноста не е подготвена да се соочи и некои луѓе може да го интерпретираат психолошкиот стрес како болка. Анксиозна личност може да чувствува стегање во стомакот и да почне да се фокусира на болката, интерпретирајќи ја психичката анксиозност како физичка болест. Лицата кои преживеале траума се особено подложни на соматизација и психичките симптоми може да се јават со други ментални здравствени состојби како депресија или биполорно растројство.

Стресот може да го намали имуниот систем и да ослободи стрес-хормони кои може да предизвикаат психички симптоми. Иако се чини дека менталното и физичкото здравје сосема се раликуваат, не постои јасна граница меѓу телото и умот, и многу психолошки состојби имаат физички симптоми. Некои луѓе, може да ги игнорираат овие состојби и физичките симптоми може да се засилат.

Психосоматски нарушувања во DSM (Diagnostic and Statistical Manual):

  • Конвергирано нарушување – губење на телесна функција како вид или слух поради психолошки причинители.
  • Нарушување на болка – хронична болка без физичка причина.
  • Телесно дисморфично нарушување – нарушување на телесната слика за себе.
  • Неиздиференцирано соматско нарушување – физички симптом кој нема физичка основа и трае повеќе од 6 месеци.
  • Хипохондрија – постојана грижа за развој на болест, често придружена со верувањето дека веќе се има болеста.
  • Соматско нарушување – збир на необјасниви и често неповрзани потешкотии кои немаат физичка основа.

Терапија

Многумина кои страдаат од психосоматски нарушувања прво бараат медицинска помош или доктор поради физичките симптоми кои ги имаат. Доколку медицинското лице ја исклучи секоја физичка причина за симптомите, може да ја упати личноста кај професионалец за ментално здравје. Психотерапевтот може подобро да го третира  психолошкиот проблем кој е во основа на соматските проблеми, а со тоа да се минимизираат или ублажат физичките симптоми. Психотерапевтите се обидуваат да им помогнат на клиентите да развијат вештини за справување со физичката и психичката болка.

Ирина Николовска – Психолог, Интегративен и Гешталт советник.

Поврзани статии

Back to top button