ЖивотУбави совети

Ваков партнер не заслужува ни минута од вашето време да трошите со него!

Доколку сте во врска со ваков партнер што побрзо прекинете ја, оти таа е штетна за вашето здравје, вашиот успех и среќа. Дали тој се смее на вашите соништа? Можеби не директно во лице, но ако имате партнер кој ве уверува дека повеќето од вашите идеи едноставно немаат шанса за реализација, многу е веројатно дека е алергичен на вашата среќа. Можеби тој не сака да бидете поуспешна од него и на секој можен начин ќе гледа да ве саботира. Тој ве ограничува? Вистинскиот маж и дава крилја на својата партнерка и ја охрабрува да биде колку што е можно подобара и поуспешна. Но, ако вашиот партнер ви ги крши крилјата и ако не се чувствувате удобно во својата кожа, треба да се збогувате со него. Постојано ве споредува? Со неговите колешки, вашите пријателки и роднини. Вели дека се подобри, поспособни и поуспешни од вас? Тој е покрај вас за да ве мотивира а не да ве депримира. Во никој случај не трпете врз себе туѓи фрустрации. За секое грнче има соодветно капаче. Не очајувајте, подобро да бидете сами отколку во негативна врска која ви ги крши крилјата!

Поврзани статии

Back to top button