ЖивотУбави совети

Направете неодолива реформ торта

Од слатки задоволства никогаш доста. Одличен рецепт за одлична и превкусна торта наречена Реформ. Знаеме дека е превкусна, но, внимавајте: по едно парче на ден и ништо повеќе.

Потребни состојки

10 белки од јајца
300гр шеќер
300гр мелени ореви
За фил
10 жолчки од јајца
200гр шеќер
300гр чоколадо
250гр путер
1 чаша јако црно кафе

Од белките сматете цврста смеса како снег со помош на миксер, па додајте го шеќерот и на крај оревите. Во добро премачкан плех печете ја смесата поделена на три дела.

На оган ставете го чоколадото да се стопи па потоа додадете ги жолчките и мешајте на тивок оган додека не се згусти кремот. Откако ќе го оладите кремот измешајте го со чашата кафе и путерот. На секоја кора премачкувајте фил и попрскувајте со ореви.

Поврзани статии

Back to top button