ЖивотУбави совети

Неколку работи кои ви го отежнуваат патот до оној Вистинскиот!

“Љубовта не треба да се бара, таа доаѓа кога најмалку ја очекувате”, е само една од речениците кои можат да ви го уништат љубовниот живот. Ако се препознаете во некои од доле наведените работи, време е да размислите за начинот на кој ја гледате љубовта.

Мислите дека љубовта мора да ве најде вас

Сите ние заслужуваме да бидеме сакани, но ако само седите и чекате љубовта да затропа на вратата, ќе бидете исплашени. Љубовта понекогаш е навистина зад аголот, но прво што треба да направите е да ѕирнете зад тој агол.

Чекате некој подобар

Дури и ако имате некој, некако ви се чини дека не е тоа вистинското и секогаш можете да имате нешто подобро. Желбата за напредок е природна, но понекогаш сме подготвени за нешто подобро да не го гледаме доброто што веќе го имаме.

Вие не се откажувате од стандардите

Некои работи ги сметате за свои “права” кога станува збор за љубовта, но од некои  ќе мора да се откажете. Ако имате список на квалитети кои вашиот партнер МОРА да ги поседува и никогаш не го менувате списокот и не сакате да слушнете за компромис веројатноста дека ќе останете сами со тој список е многу голема.

Чекате некој друг да ве направи среќни

Наместо да работите на себе и да научите да бидете среќни и кога сте сами, вие цело време чекате некој кој ќе ве спаси. Дури и тогаш кога ќе се појави некој вие брзо ќе бидете разочарани, бидејќи и тогаш нема да бидете навистина среќни.

Поврзани статии

Back to top button