ЖивотУбави совети

Витамин Б2, потенцијална заштита од труење во крвта!

Јапонските истражувачи известуваат дека витаминот Б2 би можел да се користи како помош при лекување на пациенти од сепса. Истражувањето покажало дека глувците на кои им бил даван витамин Б2 со висок степен на чистотија имаат поголема веројатност да го преживеат труењето на крвта.

Истражувањето, спроведено во Јапонија, покажало дека 95% од глувците на кои секојдневно им бил даван витамин Б2 ја преживеале инфекцијата со Escherichia coli, бактерија која предизвикува сепса. Од друга страна, само 10% од нетретираните животни го преживеале труењето на крвта.

Се чини дека витаминот Б2 ја јакне активноста на одредени клетки на имунолошкиот систем, па со тоа го намалува нивото на молекулите што предизвикуваат воспаление.

Поврзани статии

Back to top button