Микроизневерување – нов поим по повод новиот тренд во машко – женските односи!
Обично изневерување? Веќе е видено и одамна непопуларно. Нов тренд на изневерување ги зафати помладите генерации, а им се допадна и на повозрасните. За што станува збор?
Микроизневерувањето не е доволно големо за да се нарече изневерување, но сепак се работи за непочитување на партнерот и токму тоа говори дека нешто не е како што треба во врската.
Овие се првите симптоми на микроизневерувањето:
Барате совет (само за да остварите контакт) од некој навистина згоден човек. Вие се интересирате за нешто што лесно можете да го дознаете од пријателката или од Google, но одлучувате да стапите во контакт со вашиот супер згоден колега, иако знаете дека “невиниот” разговор лесно може да ви го олесни флертувањето … Доколку ја премолчите оваа ситуација пред вашиот партнер, јасно е дека не било сè толку наивно.
“Омилени” на социјалните мрежи. Секој од нас се воодушевува од некој на социјалните мрежи, и тоа е во ред … Меѓутоа, ако постојано го посетувате профилот на некое поранешно момче, одреден познаник или личност која ја познавате, внимавајте да не пораснат симпатиите од виртуелни во реални.
Интерни зафркации за кои никој друг не знае. Ако имате пријател или другар со кој имате тајни и само ваши “фори” кои никој друг не ги разбира или сфаќа, запрашајте се стварно дали ви е навистина тој човек само пријател…И дали доколку партнерот има таква другарка би ви било сеедно?
Допишување кое ја преминало границата. Секој поставува различни граници, но она што е вулгарно е навистина вулгарно. Ако тоа вклучува сексуална илузија или емоции, тоа сигурно е знак дека вашето срце не припаѓа целосно само на еден човек.
Заклучок: социјалните мрежи и достапниот интернет насекаде си го направија своето!