ЖивотУбави совети

Најневообичаениот рецепт за сладолед

Едно од најубавите летни задоволства е сладоледот. Ви нудиме еден оригинален и невообичаен рецепт за сладолед кој ќе ве маѓепса.

Направете нискокалоричен сладолед од грчки јогурт, мед и лаванда. Можеби комбинацијата на состојки ви делува чудно, но навистина е вкусен. Плус, порција од овој сладолед има само 67 калории.

Потребни ви се ¾ шолја полномасно млеко, 5 лажици мед, 2 лажици сушена лаванда, една и пол шолја грчки јогурт и калапи за сладолед.

Во големо тенџере, помешајте ги млекото, медот и цветовите од лаванда. Ставете го на тивок оган и повремено мешајте го! Пред да започне да врие, тргнете ја смесата од оган и оставете ја да се лади два часа. После тие два часа, измешајте со јогуртот. Мешајте се додека не добиете изедначена смеса. Смесата ставете ја во калапи за сладолед и оставете ги во замрзнувач најмалку 6 часа.

 

Поврзани статии

Back to top button