Те казнувам и карам затоа што те сакам!
Сине, можеби сега ми се лутиш, ме презираш и мразиш, но јас се правам за твое добро. Верувај ми, некои работи се учат од мали нозе. Јас морам да те израснам, правиот пат да ти го покажам, на вистински вредности да те научам.
Како твој родител обврска ми е да те скарам кога грешиш, да те казнам кога се инаетиш. Знај дека инаетот не носи ништо позитивно со себе. Те сакам безгранично многу, но не смеам да ти попуштам. Од сега мора да научиш дека се во животот се добива со труд. Дека ништо од небо нема да ти падне.
Морам, сакам и треба уште од сега реалната слика за животот да ти ја покажам. Сакам да научиш да живееш, да се радуваш и да споделуваш. Сега си се уште мал да ме разбереш, но си доволно голем да почитуваш, да сослушаш и да послушаш.
Сине, те сака твојата здодевна и “лоша” МАЈКА!