Од насУбави муабети

Сакам да гледам насмеани очи, искрени насмевки и вреќа полна среќа за секој да има!

Што се случува со луѓето? Зарем забораваат дека се луѓе? Зарем е возможно туѓата тага и несреќа нив да ги радува? Да те замразат во моментот кога ќе ти тргне нешто на подобро, да не си го гледаат својот живот, да копнеат по туѓиот успех? Зар ако и друг има мака они посреќни ќе се, зар со тоа ќе се решат нивните проблеми? Зошто станаа лоши луѓето?

Кое зло на тоа ги тера, седам и размислувам, но, никако да разберам. Како порано да не беа вакви, или млади бевме, не разбиравме. Немавме грижи, немавме успеси, немавме падови. Немаа како да си ги отворат маските кои сега колку и да се трудат им паѓаат, ги разобличуваат. Тонот на гласот ги оддава. Среќа за нив е нечија несреќа, тага за нив е нечија среќа. Како? Зошто?

Свој леб да јадеш туѓо гајле да береш, баш такво време е дојдено. Жално, болно, неубаво и тажно за мене е тоа. Сакам да гледам насмеани очи, искрени насмевки и вреќа полна среќа за секој да има. Кога можам да помогнам, кога не можам да ислушам и да посоветувам. Еден е животот, ајде да живееме сплотено, да си помагаме и да си го олесниме живеењето!

Поврзани статии

Back to top button