МодаУбави совети
Кафените комбинации се тотално ин и оваа зима!
Сведоци сме дека неколку зими наназад кафената боја е многу застапена на модната сцена. Ист случај е и оваа година.
Повторно се носат кафени комбинации, повторно ја гледаме бојата на чоколадото насекаде.
Одлично прилега на секој тен и на секоја нијанса на коса. Она што е најинтересно е тоа што е дозволено е да комбинирате неколку нијанси на кафено, што значи лесно може да доловите чоколаден аутфит.
Ви подготвивме неколку фотки кои ќе ве инспирираат за секојдневни комбинации со доза на сексипилност и лежерност. Комбинирајте смело и без страв. Нека вашиот аутфит биде совршен и нека привлекува внимание!