Убави дестинации

Остров кој ќе ви го одземе здивот

Крф е меѓународен туристички центар и еден од најубавите зелени грчки острови, на кој преовладуваат маслинки. Се простира на Јонско море, на најзападниот дел од Грција. Изобилува со познати туристички места. Главниот град го носи името на островот Крф. Заштитен знак на островот е црквата Св.Спиридон. Се наоѓа во стариот град и во неа сè уште се моштите на Св.Спиридон. Под своја заштита пред десетина години стариот град кој е прогласен за „град замок” го земал Унеско. Околу 800 цркви на островот го прават остров со развиен верски туризам.
Крф е остров со магична светлина, проsирно тикризно море, пријатни плажи, убави и големи пристаништа и добро развиена туристичка инфраструктура. Буквално на секое ќоше ке видите таверни, ресторани, кафетерии и продавници за сувенири.

На него се наоѓа и еден од најголемите аква паркови во Европа.

Сидари е местото кое мора да го посетите доколку престојувате на Крф. Таму се наоѓа и каналот на љубовта. Наликува како природата да го извајала… Палеокастритса, со шест мали заливи изобилува со маслинки, лимони и прекрасни плажи, од песочни до карпести…

Бидејќи е познат како остров на маслинките, жителите имаат изградено и музеј посветен на маслиновото масло. Изобилува и со музеи: на азиската уметност, на банкноти, српски музеј, византиски музеј, археолошки музеј и уште неколку.
Крф и за млади и за повозрасни е идеално место за одмор и незаборавна забава.

Поврзани статии

Back to top button