Убави дестинации

Оние кои еднаш го посетиле овој град имаат желба да му се враќаат повторно и повторно!

Вистинска дестинација која нуди релаксација, возбуда и забава во исто време. Откривајте нови градови и збогатете си ја душата! 

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност. А, благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство. 

Будимпешта е град со широки булевари и тесни улички, што е потсетник дека некогаш бил дел од Австроунгарското царство. Градот има големина од 525 км². Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта.

Градот е совршен за шетање пешки, па затоа тргнете од центарот, а потоа истражувајте ги грандиозните булевари и воодушевувајте ѝ се на прекрасната уникатна архитектура.

Градот ќе ве воодушевува се повеќе и повеќе, со секој поглед. Културата на луѓето, начинот на кој се забавуваат младите, чистотата на градот, фактот дека по улиците не можете да сретнете напуштени и улични животинки го прават овој град магичен!

Се вели дека ако еднаш ја посетиш Будумпешта ќе сакаш секогаш да ја посетуваш. Едноставно уникатноста и неповторливоста која се доживува престојуваќи во овој град е магична! 

Не се двоумете која да биде вашата следна дестинација. Будимпешта е прекрасна преку целата година, но на зима е волшебна!

Поврзани статии

Back to top button