30 -минутни активности за согорување калории и топење килограми!
30 -минутните активности за согорување калории што ви ги претставуваме подолу ќе ви помогнат многу, доколку вашата цел е да ја намалите телесната тежина. Иако има многу придобивки од вежбањето (не само губење на тежината), неверојатно е примамливо да се најде пократок тренинг кој има за цел согорување калории.
Затоа, ако немате доволно време и сакате да изгубите вишок килограми, вие сте на вистинското место.
Подолу ви откриваме кои вежби од само половина час можат да ви помогнат.
Трчањето е еден од најдобрите начини за слабеење. Еден час џогирање согорува околу 700 калории. Пред да започнете, загрејте ги колената и глуждовите и истегнете се после трчањето.
Ако не ви се допаѓа трчањето, степер вежбите можат да ви помогнат. Исто така, одберете половина час качување и спуштање по скали во зграда. Овој вид тренинг ни помага да согориме до 500 калории за 30 минути.
Возењето велосипед согорува околу 500 калории на час. Затоа, ова може да биде идеален тренинг за вас. Изберете велосипед како главно превозно средство за до работа.
Дали има подобар спорт од пливањето? И половина час од оваа активност може да согори до 500 калории.
Ако не сте активен тип и пешачењето може да ви помогне да изгубите вишок килограми. Променете ја дневната рутина и одете на работа пеш. Или симнете се станицата или две порано кога ќе се враќате дома. Резултатите лесно ќе ги постигнете со едноставни мали чекори, секојдневно.