ЖивотУбави совети

Правилно подгответе го и чувајте го чајот!

Чајот е противотров, добредојден во случаи на труење со тешки метали и со алкалоиди, затоа што ги врзува со помош на танинот во облик на нерастворливо, па според тоа и нештетно соединение.

Квалитетниот чај зависи од начинот на подготвување, но, и од водата која ја употребувате за приготвување на чајот. Највкусен чај се добива кога се подготвува со мека вода. Тврдата, варовната вода, а особено водата што содржи железо му дава на чајот непријатен вкус. Таквата вода мора предходно добро да се проврие.

Чајот не смее да се вари, особено не во отворено тенџере. Треба да се попари со врела вода, веднаш да се поклопи и по пет до десет минути да се пие. Добриот чај не смее да биде премногу темен. Акопремногу потемнал додадете му жешка вода.

Одлично е да имате секогаш малку камилица, слез, липа во вашата мини домашна аптека. За подготвување на квалитетен чај овие растенија треба да се чуваат исушени и добро затворени со стаклени, картонски или порцелански садови, на ладно, темно и суво место. Секоја година растенијата треба да се менуваат. Да се фрлат оние кои стојат долго време и да се заменат со нови, свежо исушени. По извесно време ја губат лековитоста, дури и кога се најсоодветно складирани. Во тегли може да ставаат само добро исушени растенија, затоа што влажните и недоволно исушените мувлосуваат и стануваат неупотребливи.

Ако не сте сосем добар познавач на растенијата подобро е да не ги берете сами, туку со нив да се снабдувате од аптеките за лековити растенија.

Поврзани статии

Back to top button