Ослободете се од целулитот што поскоро
Ако, како и повеќето жени, мака мачите со целулит во пределот на задникот, бутовите и стомакот, ние ви ги претставуваме најдобрите вежби за борба против целулитот.
Истражувањата покажаа дека 80 до 90 проценти од жените имаат целулит на некој дел од телото. Она што е важно да се напомене е дека целулитот не зависи од структурата на вашето тело или вишокот тежина. Целулитот првенствено е предизвикан од нездрав начин на живот.
Сепак, иако сите знаеме дека тој е упорен и дека не е лесно да се реши, битката не е изгубена! Целулитот може да се намали со промена на исхраната, конзумирање на доволна количина на течност, како и одредени вежби. Не знаеме за вас, но нас убавото време не инспирира да се придвижиме и да започнеме некаква физичка активност.
Во продолжение ви претставуваме идеални вежби кои го намалуваат целулитот загарантирано.