ЖивотУбави совети

Ќе уживате во секое залаче – вкусен колач од праски!

Подгответе неодолив колач од праски за само 30 минути. 

Потребни состојки: За кора: 4 лажици шеќер, 4 јајца, 2 лажици брашно, 2 лажици густин, 2 лажици масло. За фил: 600мл млеко, 2 пудинга од ванила, 350мл кисела павлака, 7 лажици шеќер, 2 големи праски. За декорација: 1 праска и 2дл слатка павлака.

Подготовка: Кора – белките одделете ги од жолчките и изматете ги постепено додавајки шеќер, нека биде густ шлаг. Потоа додавајте една по една жолчка непрекинато матејќи со миксер. Намалете ја брзината па додајте го маслото во тенок млаз. На крајот со дрвена лажица измешајте го брашното со густинот. Тепсијата обложете ја со хартија за печење и во неа излејте ја смесата за кора. Печете во загреана рерна на 200степени додека малку не зарумени. Фил – Во тенџере ставете 4дл млеко, додајте го шеќерот и варете додека не зоврие. Во преостанатото млеко разматете го пудингот, па смесата истурете ја во врело млеко и варете непрекинато мешајќи додека не се згусне. Во врел пудинг додадете ја киселата павлака и убаво измешајте. Финална постапка – Праските исечкајте ги на коцки и распоредете ги врз кората. Одозгора прелијте ги со филот. Колачот ставете го фрижидер да се олади и да се стегне. Потоа исечете го на коцки и декорирајте со шлаг од слатка павлака и резенчиња пракса.

Поврзани статии

Back to top button