ЖивотУбави совети

2 реченици кои се токсични за вашиот ум!

Доколку започнете да се анализирате себеси, веројатно ќе сфатите дека и вие како другите често ги употребувате речениците: „Не сум наспан/а“ и  „Немам доволно време.“

Според авторката на книгата The Soul of Money, Лин Твист, повторувањето на овие реченици е многу лошо за вашата благосостојба.

Твист објаснува дека започнувањето на денот со овие две реченици не тера да се убедиме себеси дека сме неспособни, доцниме, дека нема да успееме… Она што почнува како едностваен израз на брзиот живот на крај прераснува во голем изговор за водење на неисполнет живот.

Таа вели дека овие две токсични мисли влијаат на сите останати во текот на денот, па автоматски ќе бидеме полни со негативна енергија во текот на денот, постојано ќе се жалиме и ќе бидеме напнати.

Според неа, доколку сакате да бидете среќни и исполнети, утрото треба да го започнете со позитивна мисла, со благодарност за тоа што спиеле под покрив и во топла постела и со убедување на самите себе дека пред вас е нов ден во кој ќе имате време за се она што сакате и дека ќе извојувате нови победи колку и да тие се мали и за некој безначајни.

Поврзани статии

Back to top button