10 начини на кои вашето куче ви кажува дека ве сака!
Иако сте развиле “јазик” со вашиот најдобар пријател со четири нозе, секогаш си замислувате ситуации како тој ви вели дека ве сака? Не грижете се, не сте единствени во ова, затоа што сите сопственици и љубители на животни барем еднаш во својот живот сакаат да разговараат со своето куче! Научниците го проучувале однесувањето на кучињата и дошле до заклучок: доколку вашето куче се однесува како во доле наведените примери тоа навистина ве сака!
Тоа обожува да ве бакнува. Кога излегувате од домот со целото внимание ве посматра и го прати секој ваш чекор. Ви се плетка околу нозете. Едноставно се “избезумува” кога влегувате дома. После јадење сака да се гали. Ве гледа право во очите. Станува и заспива заедно со вас, живеете во исто време. Спие во вашиот кревет или покрај него. Ви ја носи омилената играчка, да си играте со него. Ги подигнува образите и ви намигнува од време на време.