ЖивотУбави совети

Совети за пролетен детокс!

На организмот од време на време му е потребен детокс, поради брзиот и лошиот начин на живот. Пролетен детокс е супер идеја! 

Одете во сауна или направете пилинг на целото тело. Тоа дополнително ќе влијае на процесот на детоксикација и брзината на слабење.

Пијте многу вода. Ќе бидете заситени и ќе ги исфрлите токсините од вашето тело. Доколку сакате топли напитоци, пијте зелен чај со лимон.

Јога или медитација за да се опуштите. Намалувањето на нивото на стрес ќе ви го зголеми расположението и желбата за подобро здравје.

Немојте секојдневно да се качувате на вагата. Брзите резултати ќе ве израдуваат, но понатаму тоа може да ве и демотивира.

Започнете да вежбате, возите велосипед или да трчате. Потењето е одличен начин за исфрлање на токсини и негативна енергија.

Една недела јадете само свежа храна, билни чаеви без шеќер и вода. Овошје и зеленчук по цел ден. Резултатите ќе ги забележите на вашето тело, лице, коса и расположение.

Поврзани статии

Back to top button