Од васУбави муабети

Јас ти го дадов ножот да сецкаш дел по дел од душава…

Јас, те создадов на ивица од моето срце, за да можеш да се нурнеш во него.
Ти дадов слобода да ми ги отвориш крилата или да ме убиеш
Проклетство…
Јас ти го дадов пиштолот што ладно ми го стави на слепоочница,
Јас ти го дадов ножот да сецкаш дел по дел од душава…
Како се имаме немано и кога се имаме имано највеќе, никој не знае…
Никој проклетиот не го прашува за засирената солза во окото,
Никој не ја става раката на неговите гради, мислат нема срце, мислат изгубен е…
Јас да, во тебе се изгубив.
Љубовта моја ја криев како ламја во пештера, спремна да излезе, да го проголта светот со својот оган, да пушти глас-
Да проклети души, сите вие што своите ножеви ги риевте во мојот грб додека ме гушкавте..
Знајте, јас се родив да бидам Љубов, јас љубовта ја воздигнав како Феникс!
И не ми ја земајте…Здробете ми ги коските, заријте ги вашите заби во моето постоење и гризајте ми ја душата…
Само…Не ми ја земајте љубовта!
Јас те создадов од кристали, за да можам да се радувам на секоја твоја рефлексија.
А ме ослепе со убавина…
Знаеш ли дека ќе го превртам светот,
Ќе направам од темнина светлина,
Ќе чекам…
Се додека моето срцебиење не се претопи во твојата хармонија.
И не е важно времето, ќе те чекам…
Го имам сето време на светот – ќе чекам! Тебе јас ќе те чекам!

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на  info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button