Јас случајно им го спасив бракот…
Јас, млада, неискусна и убава. Тој, искусен, повозрасен и убав. Се запознавме во чуден склоп на околности. Уште во првиот момент ја почувствував хемијата која се роди меѓу нас. Но, во тоа време јас бев во врска, во врска во која не бев среќна. Тој, најубавиот дечко во градот започна да кокетира со мене. Ми годеше неговото внимание, признавам, и јас кокетирав и со задоволство разменував насмевки со него, но не допуштив да се случи ништо повеќе од тоа, иако тој се обидуваше. Паметот ми беше кај тогашниот дечко, се прашуавав каде е и што прави, свесна бев дека не личи на врска тоа нашето, но не сакав да го прекинам, не сакав на друг да се препуштам. Си заминав дома, таа ноќ заспав мислејќи и потсетувајќи се на разговорот со новиот познаник. Се срамев сама од себе што мислам на друг маж, што со мислите на друго место сум. Имав чуство како да сум го изневерила, ме стегаше нешто во градите, ми чукаше брзо срцето и колку и да не сакав сама на себе да си признаам насмевката до утринските часови не можев од лицето да ја симнам. Градот е мал, вака или онака тој стигнал до мојот број. Ми праќаше пораки, ми се јавуваше и необјасниво многу ме привлекуваше. Додека со дечко ми се нервирав, тој ме смееше, тој убави работи ми кажуваше. Сфатив дека ако продожи контактот јас ќе ги го згазам моралот најсилно што умеам. Престанав да му одговарам, повторно се фокусирав на врската во каја што сум, се трудев да заборавам на него. После две години судбината повторно не спои, само што тогаш јас бев сама, излезена од долгата врска и разочарана. Се сеќавате дека го прекинав контактот со него бидејќи моралот и пристојноста многу ми зачеа? Бидете сега внимателни. Да, две години ни беа потребни за во овој мал град повторно да се сретнеме. Кога го видов колената ми заиграа, срцето брзо ми чукаше а вилицата ми се тресеше. Не кажа “Здраво”, прво што изусти беше “Уште имаш дечко”? Одговорот го израдува, а и мене како во тој момент да ми беше мило што сега сум сама, што нема никому да наштетам за јас да уживам. Се случи што се случи, се гледавме секој ден, зборувавме по цел ден. Налик се беше како бајка, најсреќната жена на светот изгледаше дека сум. Најпривлечно се чувствував, мислев дека летам. А, не летав. Јас тонев, се подлабоко и подлабоко јас тонев во кашата од која беше тешко да се излезе. Ќутејќи ме втурна во опасен лавиринт. Тој во меѓувреме се оженил, близначиња добил, свадба голема направил, а јас? Јас на почетокот не го знаев тоа, вешто од мене криеше, без срам сегде ме покажуваше. Додека го барав крајот на лавиринтот, тој се спремаше да го дочека и третото дете од неа. Се повлеков, сменив број, се сменив самата од корен и сфатив, јас им го подобрив бракот. Вонбрачните врски можат да расипат брак, но можат и да го подобрат и да го зацврстат. Нивната среќа била таква, и покрај се заедно да останат. Мојата среќа се уште ја чекам. Но, веќе не се срамам сама од себе, не се окривувам и не се мразам. Оти се во животот се случува со причина!