Што ќе се случи ако секој ден јадете по две банани?
Верувале или не, бананите придонесуваат за многу здравствени придобивки што можат да го подобрат животот. Вашата дневна исхрана мора да содржи малку овошје, а ако веќе можете да изберете, нашиот совет е банани. Ова слатко актуелно овошје е вкусно, не е многу скапо и од мали количини може да даде многу позитивности.
Една студија открила дека две банани можат да ви дадат доволно енергија, за околу 90 минути напорно вежбање. Ова е причината зошто бананите се омилен плод на многу спортисти. Исто така, истражувањето покажало дека само две банани се доволни за значително подобрување на вашиот организам и да ве натераат да се чувствувате подобро и поздраво.
Дали знаевте дека, во споредба со јаболко, банана содржи: три пати повеќе фосфор, двојно повеќе јаглени хидрати, пет пати повеќе витамин А и железо, четири пати повеќе протеини, двојно повеќе витамини и минерали.
Ако јадете две банани секој ден, ќе го забележите следново:
Ќе ви се нормализира крвниот притисок. Телесната тежина значително ќе ви се намали. Ќе го намалите ризикот од анемија. Варењето ќе ви се подобри. Ќе го намалите шеќерот во крвта. Ќе имате многу енергија. Нема да имате потреба за слатко. Ќе ви се намали нивото на стрес.